ПУКНА КАНАЛИЗАЦИСКАТА ЦЕВКА ОД НОВАТА ДЕТСКА БОЛНИЦА ВО КОЗЛЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПУКНА КАНАЛИЗАЦИСКАТА ЦЕВКА ОД НОВАТА ДЕТСКА БОЛНИЦА ВО КОЗЛЕ

    Жители од населбата Козле се жалат дека неколку дена населбата им мириса на фекалии, кои истекуваат од пукната канализациска цевка во близина на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Велат дека смрдеата е неподнослива и стравуваат од зарази ако навреме не се санира.

    Инспектори од Општина Карпош денес извршиле увид и констатирале дека канализациската цевка од која истекуваат фекалиите е од Институтот за белодробни заболувања.

    „На нашата мрежа, која е нова, се приклучуваат жителите од дивата населба што е над болницата, и не е точно дека погрешно била споена“, вели д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата (Фото: СДК.МК)

    „На нашата мрежа, која е нова, се приклучуваат жителите од дивата населба што е над болницата, и не е точно дека погрешно била споена“, вели д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата (Фото: СДК.МК)

    “По извршениот увид констатирано е дека овој дел од мрежата не е во надлежност на Општината, туку дека цевката пукнала бидејќи при градежните активности за изградба на новата зграда на Институтот, таа била погрешно споена и поради тоа настанал дефектот. Веднаш се известени Град Скопје и ЈП Водовод и Канализација, кои ќе го санираат дефектот“, велат од Општина Карпош.

    Од Институтот, пак, негираат дека погрешно била споена цевката и оти затоа настанал дефект.

    „На нашата мрежа, која е нова, се приклучуваат жителите од дивата населба што е над болницата, и не е точно дека погрешно била споена“, вели д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари