РАСТЕ БРОЈОТ НА ИНТЕРВЕНЦИИТЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ, ЛАНИ ИМАЛО И ЕДНА ЖРТВА

    РАСТЕ БРОЈОТ НА ИНТЕРВЕНЦИИТЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ, ЛАНИ ИМАЛО И ЕДНА ЖРТВАНајмногу, 89 интервенции, во Велешко биле на отворен простор. (Фото: СДК.МК)

    Во пораст е бројот на интервенции на пожарникарите од Територијалната противпожарна единиица (ТППЕ) од Велес. Лани имале 287 интервенции, годината претходно 269, а во 2022 имало 234. Лани имало и една жртва од пожарите, а во два случаи се ваделе давеници од реката Вардар.

    Најмногу работа велешките пожарникари, кои покриваат територија на три општини, Велес, Чашка и Градско, имаа во 2018 со 361.

    „Луѓето, поточно невниманието се најголемата причина за пожарите“, вели Димче Јованов, командир на вод на ТППЕ Велес.

    Се зголемува и површината која е опфатена со огнот. Лани во 118 случаи била опожарна површина од 740 хектари, а во 2023 изгореле 450 хектари. Има зголемување на бројот на запалени автомобили 22, наспроти 15 во 2023 година.

    Најбројни во Велешко биле интервенциите на отворен простор со 89, по што следат 56 случаи каде што спаѓаат интервенции при сообраќајки, влегување во стан заради потребите на полиција, искрење на бандери, вадење на вода од подрумски простории. На трето место по интервенции се 32 запалени објектии и 19 контејнери.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира