РАСТЕ НИВОТО НА ВАРДАР, КАЈ ГАЛИИТЕ ПОВРЕМЕНО ПРЕЛЕВА НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАСТЕ НИВОТО НА ВАРДАР, КАЈ ГАЛИИТЕ ПОВРЕМЕНО ПРЕЛЕВА НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА

    Вардар во Скопје, кај галиите е пред излевање. Трет ден по ред водата го исполнува минор коритото, а на моменти и се прелева на пешачката патека. Од Центарот за управување на кризи (ЦУК) велат дека покачувањето на водостојот е регистрирано.

    „Нивото на Вардар е во пораст. Вчера се регистрирани 54 сантиметри на мерните места во Скопје, што е за четири сантиметри повќе од претходниот ден. Денешните мерења се уште не се пристинати“, вели Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи.

    Освен вреќите со песок кои со месеци стојат на мостовите кај галиите, не се видливи други мерки за заштита од поплава во Центарот на градот. Купишта ѓубре, големи гранки дрвја и безброј пластични шишиња стојат заглавени во водата покрај галиите.

    Мерки за заштита од евентуална поплава, посебно на објектите од проектот „Скопје 2014“, според договорената пргорама за заштита, треба да преземе локалната самоуправа.

    галија на вардар 1

    Освен вреќите со песок кои со месеци стојат на мостовите кај галиите, не се видливи други мерки за заштита од поплава во Центарот на градот (Фото: СДК.МК)

    Службите од Град Скопје веќе една недела секојдневно се ангажирани за помош и расчистување на штетите од поплавите во Општина Гази Баба. Тие засега не побарале помош од Центарот за преземање мерки за заштита од поплави во центарот на Градот.

    „Центарот ќе се вклучи во заштитата од поплави во центарот на Скопје ако локалната самоуправа нема ресурси, но од нас тоа се уште не е побарано“, рече В’чкова.

    Ова е второ попоување на галиите во Вардар годинава. Во мај реката се излеа и ги поплави по неколкудневните врнежи од дожд. Под вода беа мостовите за влез во галиите,  водата навлегуваше од вратите, па вработените ги блокираа со вреќи полни со песок. Поплавена беше и патеката покрај минор коритото.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира