РЕЧНОТО КОРИТО НА СТРУМЕШНИЦА ПОТКОПАНО СО МЕСЕЦИ И НИКОЈ НЕ РЕАГИРА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕЧНОТО КОРИТО НА СТРУМЕШНИЦА ПОТКОПАНО СО МЕСЕЦИ И НИКОЈ НЕ РЕАГИРА

    Жителите од струмичко Дабиле, исплашени од ситуацијата со поплавите во Скопје, бараат надлежните под итно да го санираат речното корито на Струмешница во атарот на нивното село.  Речиси цела година не се поправени бедемите на реката кои од ланските поројни дождови се поткопани и малку недостасува целосно да се свлечат.  Станува збор за четири локации на кои водата од реката постојано ги поткопува поради неисчистеното речно корито кое е обраснато со дрва, џбунови и шамак. Претседателот на месната заедница на Дабиле  Бончо Божиков тврди дека при првите пообилни дождови и зголемувањето на нивото на водата во реката, целосно ке бидаат однесени траповите на речното коритото и ќе се случи поплава на најмалку 200 хектари обработливо земјиште.

    „Реагиравме откако се појавија свлечиштата, но интервенција нема. Бевме до водостопанското претпријатие, во подрачна единица на министерството за земјоделство, но никој не реагира.  Треба ли да се случи излевање на реката, па тогаш да се интервенира. Цели 30 години не е исчистено речното корито на потегот од Босилово до Просениково. Водотекот е целосно сменет и на четири локации бедемот е поткопан“,  вели Бончо Божиков, претседател  на месната заедница од Дабиле, кој се чуди зошто  во изминатите години насекаде се исчисти колку толку речното корито на Струмешница, а воопшто не се чепна во границите на општина Струмица каде поминува ова река.

    Пред  почетокот на земјоделската сезона, жителите од ова село со протест ги алармираа  одговорните за уништените бедеми на Струмешница. Надлежните тогаш најавија дека ќе биде скенирана реалната ситуацијата на терен за можни интервенции. Во пресрет на есента, жителите од Дабиле повторно предупредуваат за можно излевање на реката доколку целосно се уништат бедемите на речното корито
    „Работиме со страв по нивите и се молиме да не заврне многу, оти ако се зголеми нивото на реката ќе отиде се што сме засеале. Срамота е ова, место навремено да се интервенира, ние ќе реагираме откако ќе се случат недај боже поплави“, реагираше Божиков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира