РЕК „БИТОЛА“ РАБОТИ СО ЕДЕН БЛОК, ПРВИОТ БЛОК ЗАПРЕН ЗАРАДИ РЕДОВНА РЕВИЗИЈА

    РЕК „БИТОЛА“ РАБОТИ СО ЕДЕН БЛОК, ПРВИОТ БЛОК ЗАПРЕН ЗАРАДИ РЕДОВНА РЕВИЗИЈАПрвиот блок денеска повторно ќе биде вратен на мрежа (Фото: СДК.МК)

    Македонскиот електроенергетски стожер РЕК „Битола“ денеска произведува струја со еден блок. Во погон од вчера е Блок 2, додека првиот блок во текот на ноќта беше плански запрен за редовна ревизија.

    Од еден часот по полноќ, првиот блок е во 12-часовен застој и денеска повторно ќе биде вратен на мрежа. Од Комбинатот неофицијално велат дека се работи за плански застој и за тековен работен процес кој и претходно се случувал. Третиот блок сè уште не работи, откако пред десет дена имаше пожар на трафостаница.

    Од трите блока во РЕК, модернизирани беа вториот и третиот блок, не и првиот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира