РИПНА ЦЕНАТА И НА ДРЖАВНИТЕ СТАНОВИ, ПО 1.916 ЕВРА ЗА КВАДРАТ СЕ ПРОДАДОА ПРЕОСТАНАТИТЕ ВО ЗГРАДАТА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО СКОПЈЕ

    РИПНА ЦЕНАТА И НА ДРЖАВНИТЕ СТАНОВИ, ПО 1.916 ЕВРА ЗА КВАДРАТ СЕ ПРОДАДОА ПРЕОСТАНАТИТЕ ВО ЗГРАДАТА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО СКОПЈЕПочетната цена на јавното наддавање беше 1.450 евра. (Фото: СДК.МК)

    Продадени се сите станови во зградата на Јужен булевар која ја гради Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, познато како ПУИГ. На втората јавното наддавање цената рипна до 1.916 евра за метар квадратен, а почетната беше 1.450 евра. На првото наддавање кое се одржа пред 5 месеци цената за квадрат достигна до 1.672 евра за квадрат.

    На усното јавно надавање кое поради големиот интерес се одржа во два последователни дена, односно на 15 и 16 јули, беа продадени преостанатите 45 станбени единици во зградата на Јужен булевар. На овој начин завршена е продажбата на целиот станбен објект, откако на претходната лицитација, одржана пред 5 месеци  беа купени 67 стана. Почетната цена по метар квадратен на која купувачите лицитираа изнесуваше 1.450 евра, а просечно постигнатата 1916 евра. Транспарентната и успешна постапка, и впечатливo големата заинтересираност на купувачите се уште една потврда на  довербата кон АД за изградба и стопанисување кое останува препознатливо по високите стандарди на градба, квалитет и доследност“, велат од Акционерското друштво.

    Државната зграда со приземје и 7 ката се гради на местото на некогашниот објект кој беше салон за мебел, а со години беше руиниран, затрупан со ѓубре, претворен во депонија и место за бездомници. Зградата ќе има 112 станови и два влеза, а маркичка е предвидена со Деталниот урбанистички план (ДУП) за овој дел од градот. Предвидениот рок за завршување на оваа комерцијална зграда согласно договорот со фирмата изведувач е 3 години.

    ДРЖАВАТА ГРАДИ ЗГРАДА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ПОЧЕТНА ЦЕНА 1.450 ЕВРА КВАДРАТ, НА ЛИЦИТАЦИЈА ВЕЌЕ ПРОДАДЕНИ 70 СТАНОВИ

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира