РОДЕНДЕНСКИ ИСЧКРТАНА БИСТАТА НА АКТЕРОТ ПЕТРЕ ПРЛИЧКО ВО ВЕЛЕС

    РОДЕНДЕНСКИ ИСЧКРТАНА БИСТАТА НА АКТЕРОТ ПЕТРЕ ПРЛИЧКО ВО ВЕЛЕСБистата на актерската легенда Петре Прличко е дело на скулпторот Томе Серафимовски и е поставена во Младинскиот парк, каде постојано има движење на граѓани (Фото: СДК.МК)

    Велес пред две недели го одбележа  роденденот на легендарниот актер  Петре Прличко , роден на 13 март 1907 во овој град, а бргу потоа плочата со името на актерот осамна исчкртана. Заедно со Кочо Рацин, Прличко е синоним за Велес, а велешани се револтирани од вандализирањето на неговата биста.

    Комуналната и инспекција и полицијата засега немаат реакција за вандализирањето.

    Ова е не првпат плочата да е оштетена.  Пред неколку години, претходната месингана плоча беше украдена, па поставена е оваа која е мермерна.

    Бистата на Прличко е дело на скулпторот  Томе Серафимовски и  е поставена во Младинскиот парк, каде постојано има движење на граѓани.

    Петре Прличко, еден од доајените на македонското глумиште,  почина во Скопје на 16 ноември 1996.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира