РОДИТЕЛИ ВЛЕГЛЕ ВО ШКОЛО ВО БИТОЛА И НАПАДНАЛЕ СОУЧЕНИК НА НИВНОТО ДЕТЕ И НАСТАВНИЧКА

    РОДИТЕЛИ ВЛЕГЛЕ ВО ШКОЛО ВО БИТОЛА И НАПАДНАЛЕ СОУЧЕНИК НА НИВНОТО ДЕТЕ И НАСТАВНИЧКАОд СВР Битола велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.(Фото: СДК.МК)

    Двајца родители на ученик во битолско училиште за време на наставата физички нападнале друг ученик, како и настaвничката, соопштија од СВР Битола.

    Според полицискиот билтен, вчера Р. М. (48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р. Л. и Н. Л., родители на негов соученик. Истиот ден, М. Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р. Л. и Н. Л..

    Од СВР Битола велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

    Неофицијално дознаваме дека училиштето во кое се случил наставот е „Даме Груев“ во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира