РОДИТЕЛИТЕ НА ШТИПСКИОТ МАТЕМАТИЧКИ ШАМПИОН ГИ ОДБИЈА ПРИВАТНИТЕ ДОНАЦИИ, БАРААТ МОН ДА ГО СМЕНИ ЗАКОНОТ ЗА ПОДДРШКА НА ТАЛЕНТИРАНИ ДЕЦА

    РОДИТЕЛИТЕ НА ШТИПСКИОТ МАТЕМАТИЧКИ ШАМПИОН ГИ ОДБИЈА ПРИВАТНИТЕ ДОНАЦИИ, БАРААТ МОН ДА ГО СМЕНИ ЗАКОНОТ ЗА ПОДДРШКА НА ТАЛЕНТИРАНИ ДЕЦАНа основецот Дамјан Давков МОН не му одобри парична награда затоа што стана државен првак во натпревар со средношколци. (Фото: Приватна архива)

    По веста дека на штипскиот математичар Дамјан Давков Министерството за образование и наука (МОН) не му одобри парична награда затоа што стана државен првак во натпревар со средношколци, а не со основци каде тој припаѓа, стотина поединци од разни бранши и компании се јавиле на семејството дека сакаат да донираат и да го стимулираат младиот математичар во неговото образование и во идните натпревари по математика. Имало подршка од поединци и компании од Македонија, но и од странство.

    Семејството Давкови се заблагадари на сите поединци и компании од земјата и од странство кои се пријавиле да ја исплатат наградата, но и да го стимулираат младиот математичар во неговото понатамошно образование и натпреварите што го очекуваат во иднина.

    „Со извинување, принципиелно ги одбиваме вашите понуди од причина што не станува збор за материјална корист, туку за подигнување на свеста за третманот на талентираните деца во Македонија. Се надеваме дека ова ќе придонесе за донесување законски решенија за поддршка и помош на вакви талентирани ученици“, вели мајката Никица Давкова, која својата благодарност и мислење за овој случај го искажа и на својот фејсбук профил.

    Родителите на Дамјан велат дека во решението што го добиле од МОН си има правна поука која ќе ја искористат и ќе приложат приговор, независно што нивната реакција ќе ја разгледува Второстепената комисија при истото министерство.

    Независно од тоа што семејството ќе води постапка со Министерството за образование, градоначалникот на Штип Сашко Николов јавно кажа дека Општината секогаш ќе ги помага и адекватно ќе ги стимулира талентираните ученици, меѓу нив и Давков.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира