РОСОМАН И ГРАДСКО СО ПОВЕЌЕЧАСОВНИ РЕСТРИКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ, ПРЕТХОДНО ОСТАНАА И БЕЗ ВОДАТА ЗА ПОЛЕВАЊЕ

    РОСОМАН И ГРАДСКО СО ПОВЕЌЕЧАСОВНИ РЕСТРИКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ, ПРЕТХОДНО ОСТАНАА И БЕЗ ВОДАТА ЗА ПОЛЕВАЊЕЖителите на Росоман полнат вода од природни чешми, иако не се знае со каков квалитет е (Фото: СДК.МК)

    Жителите на Росоман и Градско се со повеќе часови редукции на вода. Причината е енормно зголемената потрошувачка, па локалните јавни претпријатија вовеле рестрикции. Поради ова, на +40 степени во сенка, во најжешкиот период од годината, чешмите во домовите во овие две населени места во централна Македонија се суви.

    Од нива идам, нема вода дома да се избањам. Како да сме во турско време. Полниме вода од природни чешми, никој не знае каков квалитет е, ама мора да се има за пиење и готвење“, вели жител на Росоман.

    Во населбата која брои 3.000 жители, рестрикциите траат од 9 до 21 часот. Слична е состојбата и во Градско, кое има 2.000 жители. Таму рестрикциите се по неколку часа, ноќе и дење.

    Во Уланци немаме капка вода четири дена. Ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за хигиена. Некоја болест ќе се појави“, вели жител на селото.

    Причината за зголемената потрошувачка во Росоман и Градско е што одделни граѓани водата за пиење ја користат за полевање на дворовите и градините. До ова дојде зашто техничката вода која се користеше за таа намена не доаѓа во овие две населени места, бидејќи хидросистемот „Макарија“ доживеа хаварија на 27 мај. Така сега без вода се и полињата и луѓето.

    Се најавува дека до крајот на оваа седмица ќе се поправи дефектот на цевководот Макарија и со тоа ќе се стабилизира водоснабдувањето во Росоман. Воведовме рестрикции поради нерационалното трошење од страна на одделни граѓани, за да може вода да добиваат сите жители на населбата“, изјави Желимир Трикиќ, директорот на ЈПКД Росоман“, кое ја користи водата од изворот Лукар на планината Кожуф.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира