РУДНИЦИТЕ БУЧИМ И БОРОВ ДОЛ ГО ПРЕКИНАА ПРОИЗВОДСТВOTO, ЌЕ СЕ МОНТИРА НОВА ОПРЕМА

    РУДНИЦИТЕ БУЧИМ И БОРОВ ДОЛ ГО ПРЕКИНАА ПРОИЗВОДСТВOTO, ЌЕ СЕ МОНТИРА НОВА ОПРЕМАСе очекува до крајот на есента да продолжи целокупниот производствен процес во Бучим и Боров Дол. (Фото: Архива на Боров Дол)

    Од денеска, рудниците Бучим и Боров Дол го прекинаа производствениот процес. Од компанијата не прецизираат до кога ќе трае прекинот, но како што е најавено, со работа ќе се стартува штом пристигне новата опрема. Дотогаш ќе се работи на демонтирање на старата и по монтирањето на новата опрема, се очекува до крајот на есента да продолжи целокупниот производствен процес.

    Рудниците Бучим и Боров Дол најавија дека ќе се изврши целосна замена на флотомашините. Со тоа рудниците во рамките на Бучим ќе располагаат со опрема за обработка на бакарна руда и производство на бакарен концетрат со годишен капацитет од 40.000 тони. Вториот проект на кој се работи уште од почетокот на оваа година се состои во изградба на фотонапонска централа.

    Од компанијата велат дека за време реализирањето на овие капитални инвестиции ќе се продолжи со континуираните геолошки истражувања, а вработените за време прекинот ќе бидат платени согласно законските прописи. При тоа, дел од нив ќе бидат задолжени за тековното одржување на опремата, а останатите вработени дополнително ќе се ангажираат во зависност од потребите.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира