САЛАТА ЗА БОКС ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ПРЕНАМЕНЕТА ВО БАЗЕН

    САЛАТА ЗА БОКС ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ПРЕНАМЕНЕТА ВО БАЗЕНБазенот е долг 12 метри, широк 8 метри, длабок 75 сантиметри. Ќе биде наменет за рекреативци, како и за деца кои сакаат да научат да пливаат. (Фото: СЦ Борис Трајковски)

    Уште еден базен од денеска е ставен во функција во СЦ „Борис Трајковски“. Овој базенот изминативе 9 години не работеше бидејќи беше пренаменет во сала за бокс. Сега повторно е вратена неговата првична намена.

    Базенот е долг 12 метри, широк 8 метри, длабок 75 сантиметри. Ќе биде наменет за рекреативци, како и за деца кои сакаат да научат да пливаат.

    „Од денеска го прошируваме капацитетот на најдобриот пливачки базен кај нас. Девет години базенот беше пренаменет во сала за бокс и беше крајно нерентабилен. Исто така просторот беше несоодветен за изведување на тренинзи од таков тип. Овој нов базен и двата кои веќе функционираат големиот и малиот имаат беспрекорно чиста вода која се одржува со најсовремена технологија“, вели директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Александар Петровски.

    Од СЦ „Борис Трајковски“ велат дека комплетно се реновирани тоалетите и туш кабините кои сега работат на сензор.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари