САМО БОЛЕН ВО МОЗОКОТ МОЖЕ ДА СМИСЛИ ТАКВА ЛАГА, ВЕЛИ ЈОВАНОВСКИ ОТКАКО АРСОВСКА ГИ ОБВИНИ ДЕКА ПРОДАВАЛЕ БИЛЕТИ И НЕ ГИ ПРИЈАВУВАЛЕ ПАРИТЕ   

    САМО БОЛЕН ВО МОЗОКОТ МОЖЕ ДА СМИСЛИ ТАКВА ЛАГА, ВЕЛИ ЈОВАНОВСКИ ОТКАКО АРСОВСКА ГИ ОБВИНИ ДЕКА ПРОДАВАЛЕ БИЛЕТИ И НЕ ГИ ПРИЈАВУВАЛЕ ПАРИТЕ   рсовска кажа дека приватните превозници од 2017 до сега продавале билети во автобусите, но парите од продажбата нигде ги нема. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска денеска ги обвини „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ дека продавале билети во автобусите, а парите не ги пријавувале туку си ги ставале в џеб. Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски ги отфрла ваквите обвинувања и вели дека „само болен во мозокот може да смисли вакви лаги“.

    Арсовска кажа дека приватните превозници од 2017 досега продавале билети во автобусите, но парите од продажбата нигде ги нема.

    „Приватните превозници, согласно член 5 од нивниот договор, имаат обврска продадените билети да ги потврдат со фискална сметка, и да ги валидираат во интегрираниот систем со ЈСП ‘Скопје’. Кога ќе го направат тоа, од вкупната сума која ЈСП ‘Скопје’ ја должи за извозен километар, се одбива сумата која од продадени билети ја оствариле приватните превозници. Имено, евидентно од аналитичките картички со кои е евидентирано финансиското работење кое произлегува од договорот со приватните превозници Макекспрес и Слобода Превоз, истите од 2017 година, се до овој момент немаат пријавено продажба на ниту еден билет во своите автобуси иако пријавувале дека возеле околу 400.000 километри месечно. Ова го пресметувале по едно евро за извозен километар, а потоа го фактурирале на ЈСП. Жалам што ќе ги разочарам, но, ниту јас, ниту градот Скопје, ниту ЈСП нема да бидеме сојузници во криминал кој траел од 2017 година“, рече Арсовска.

    Директорот на „Слобода превоз“ вели дека е зачуден на ваквата изјава на Арсовска и лагите што таа ги пласира во јавноста, а некој ѝ ги кажува и многу погрешно ја информира.

    „Ние не продаваме билети. Кои пари да ги пријавиме кога немаме продажба ниту во автобусите, ниту имаме билетари. Не знам како сме ги продавале билетите, јас ли сум одел низ град и сум продавал карти за јавен превоз. Еве еден граѓанин нека се јави што купил билет во приватен автобус Само болен во мозокот може да смисли ваква лага. Ни беше понудено, но ние не прифативме да продаваме билети бидејќи не добивме фискални апарати од ЈСП. Ни беше речено кога ќе ги земеме билети да ги платиме за што ќе ни издадат фискална сметка и после да ги препродаваме. Но, ние тоа не го прифативме бидејќи сметав дека тоа не е според закон односно ние како крајни продавачи мора да издаваме фискални сметки“, вели Јовановски.

    Поранешниот директор на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков вели дека приватните автобуси не продавале билети. Им биле понудена таква опција, да ги купат билетите од нив за што ќе им биде издадена фискална сметка, а потоа да ги препродаваат во нивните возила, но тоа не било прифатено од нивна страна.

    Арсовска денеска кажа и дека ќе распише нов оглас за доделување на линии на приватните превозници на кој секој приватник може сам да конкурира ако ги исполнува условите кои ќе ги постави Градот.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира