САНИРАНИ КАРПИТЕ ШТО СЕ ОДРОНУВАА ПОД ГРАДСКИОТ СААТ ВО ВЕЛЕС

    САНИРАНИ КАРПИТЕ ШТО СЕ ОДРОНУВАА ПОД ГРАДСКИОТ СААТ ВО ВЕЛЕССанацијата се изведе со бетонска плоча дебела 10 сантиметри (Фото: СДК.МК)

    Санирани се карпите под Градскиот саат во Велес кои се ронеа и ја загрозуваа безбедноста на минувачите и автомобилите. Градежните работи ги извршила фирмата „Гео-инг“, која еден месец работеше на санацијата.

    „Санацијата се изведе со бетонска плоча дебела 10 сантиметри, со нанесување на посебен, торкрет бетон, кој се нанесува со специјална машина под притисок, со адитиви, по претходна монтажа на анкери и мрежеста арматура. Така трајно го решивме проблемот“, објасни градоначалникот Аце Коцевски.

    Додаде дека повеќе нема да има одрони, со што се зголемува безбедноста во сообраќајот на локацијата под Градскиот саат. Планираат така да ги решат и сличните спорни места по улицата Димко Најдов, кон Долни Дуќани, каде исто така се јавува одрон од карпите над патот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира