СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ УЛИЦИТЕ И КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

    СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ УЛИЦИТЕ И КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕЧистењето се врши со две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа посебно средство за дезинфекција. (Фото: Град Скопје)

    Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ денеска ги мијат и дезинфицираат улиците во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Во акцијата се ангажирани триесет работници што со помош на две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа посебно средство за дезинфекција, вршат рачно миење и дезинфекција на целокупниот простор. Во рамките на акцијата се спроведува миење и дезинфекција на сите садови за одлагање комунален отпад што се поставени во Клиничкиот комплекс.

    „Оваа интервентна дезинфекција и чистење на улиците во рамките на Клиничкиот центар е една од серијата на мерки која Градот Скопје и градските јавните претпријатија ги спроведуваат поврзани со ширењето на корона вирусот“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира