СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ ЧИСТЕЊЕТО НА СКОПЈЕ, ИМАМЕ ПАД НА НАПЛАТАТА, А ЗГОЛЕМЕНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ МАЗНЕВА

    СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ ЧИСТЕЊЕТО НА СКОПЈЕ, ИМАМЕ ПАД НА НАПЛАТАТА, А ЗГОЛЕМЕНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ МАЗНЕВАОд „Комунална хигиена“ бараат помош од Владата. (Фото: Комунална хигиена)

    Од ЈП „Комунална хигиена“ се жалат дека имаат драстичен пат на наплатата, а сметките за струја и гориво им се зголемени, со што се доведува во прашање нивното нормално работење односно чистењето и собирањето на ѓубрето. Од претпријатието велат дека со придружуваат на иницијативата на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ во барањето кон Владата, да се даде финансиска помош на јавните претпријатија.

    ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочува со драстичен пад на наплатата на побарувањата како од домаќинствата така и од правните субјекти, што го доведуваат во прашање извршувањето на примарните активности на претпријатието на терен. Воедно, цените на горивата што се употребуваат за нормално функционирање на возниот парк се зголемени за над 80 проценти во однос на минатата година, додека идентична е состојба и со цената на електричната енергија. Имајќи предвид дека активностите и дејствувањето на ЈП Комунална хигиена-Скопје се од витално значење за нормалното функционирање на градот Скопје и пред сè фактот дека нашето финансирање се одвива исклучиво преку наплатата на нашите услуги што поради новонастанатата ситуација е крајно отежната, ја поддржуваме иницијативата на АДКОМ за изнаоѓање институционално решение за излез од финансиската криза на јавните претпријатија во државата.“, изјави в. д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева.

    Од претпријатието информираат дека изминативе 6 месеци подигнати и транспортирани се 76.856 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, односно 425 тони на ден. Направени се 11.940 тури на собирање, или просечно по 66 тури дневно.

    Во текот на првите шест месеци од годината отстранети се приближно 5.872 метри кубни отпад од голем број диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира