СЕ ИЗЛЕА ВАРДАР КАЈ ВЛАДАТА

    СЕ ИЗЛЕА ВАРДАР КАЈ ВЛАДАТАГрадоначалникот Петре Шилегов вели дека ситуацијата се следи и се преземаат мерки за да се спречи понатамошно излевање. - Околу 10.30 часот немаше никој кај излеаната вода (Фото: М. Златевска)

    По обилните дождови ноќеска, утринава Вардар се излеа од малото корито пред пешачкиот мост кај Владата. На работ да се излее реката е и под мостот „Гоце Делчев“, каде што има паркирано многу автомобили.

    Надојдената водa носи со себе пластични шишиња и гранки. (Фото: М. Златевска)

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека ситуацијата се следи и се преземаат мерки за да се спречи понатамошно излевање.

    „Утрово дојде до излевање на реката Вардар во делот кај Владата. Екипи се на терен се следи ситуацијата и се преземаат мерки да се спречи понатамошно излевање. Ова е уште еден доказ каква штета е направена на градот и на граѓаните со проектот Скопје 2014. Излевањето се случило во овој дел оти бродовите и мостовите се еден вид брана. Јас реков дека се небезбедни и потребно е да се отстранат“, ни изјави Шилегов.

    Според информациите од Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј, кои се на самиот брег на Вардар, засега нема поплава во нивните простории, но тие ја следат состојбата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира