СЕ ОТСТРАНУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ ПРЕЧКИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС, ПРОЕКТ НА ЕУ ВРЕДЕН 24 МИЛИОНИ ЕВРА

    СЕ ОТСТРАНУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ ПРЕЧКИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС, ПРОЕКТ НА ЕУ ВРЕДЕН 24 МИЛИОНИ ЕВРАОтпадните води од домовите во Велес директно се влеваат во Вардар (Фото: СДК.МК)

    Продажбата на парцелата на која требаше да се гради пречистителна станица во Велес заедно со колекторски систем ја сопре постапката за нејзината изградба. Таа треба да ги собира отпадните води од домовите во Велес. Се бара решение за нова локација. Од Министерството за земјоделство најавуваат дека до крајот на месецов правните работи кај нив ќе бидат завршени.

    Со проектот треба да се прифатат сите отпадни води од левата страна на градот, да се постави цевка под Вардар близу автобуската станица и тие да се префрлат на десната страна. Потоа ќе се носат до пречистителната станица. Таа е планирана под вливот на Бабуна во Вардар, низводно од Велес.

    Очекувам за еден месец земјиштето каде што треба да биде лоцирана станицата да биде чисто, за да можат да продолжат постапките“, изјави градоначалникот на Велес, Марко Колев.

    Според проектната документација, вредноста е околу 24 милиони евра, средства обезбедени од ЕУ, а реализацијата би почнала годинава. Поради комплексноста и специфичноста на теренот, би траела подолг временски период.

    Пред 20-ина години имаше обид со кредит од Португалија да се реши проблемот со отпадните води во Велес, кои директно се влеваат во Вардар, но тоа пропадна. Подолго време се работеше на проектот, но кога Португалците дошле во Велес, виделе дека градот е распослан на два брега, а правеле пресметка само за една страна, па се повлекоа.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира