СЕ ОТСТРАНУВААТ ШАНКОВИ И ОБЈЕКТИ КАЈ НАСЕЛБАТА КАНЕО НА ОХРИДСКИОТ БРЕГ

    СЕ ОТСТРАНУВААТ ШАНКОВИ И ОБЈЕКТИ КАЈ НАСЕЛБАТА КАНЕО НА ОХРИДСКИОТ БРЕГОва е втoра фаза во отстранувањето на нелегално поставени шанкови и објекти на охридското крајбрежје, бидејќи предходно се уриваше на источниот дел од брегот. *Фото: СДК.МК)

    Утринава продолжи остранувањето на шанкови и објекти на делот од брегот кај Канео на Охридското Езеро. Акцијата се спроведува со асистенција на полицијата и нема селективност во уривањето на дивите градби.

    Ова е втoра фаза во отстранувањето на нелегално поставени шанкови и објекти на охридското крајбрежје, бидејќи предходно се уриваше на источниот дел од брегот.

    „Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, соопштија од Општина Охрид на почетокот од акцијата.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира