СЕ ПОКРИВА ДУПКА ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА ОТКАКО СОВЕТНИЧКА ОД СДСМ ВЛЕЗЕ ВО НЕА ЗА ДА УКАЖЕ НА ОПАСНОСТА

    СЕ ПОКРИВА ДУПКА ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА ОТКАКО СОВЕТНИЧКА ОД СДСМ ВЛЕЗЕ ВО НЕА ЗА ДА УКАЖЕ НА ОПАСНОСТАДупката се наоѓа на една од најфрекветните сообраќајни делници во градот. (Фото: СДК.МК)

    Советничката од СДСМ Битола Софија Ристевска-Петрушева влезе во дупката што се појави на улицата Пеце Матичевски во близина на Центарот за култра, во строгиот центар на Битола, сакајќи да укажи дека е опасна за сообраќајот.

    Во видеото објавено синоќа на социјалните мрежеи, советничката од СДСМ Јадрнанка Павловска се движи низ улицата и вели дека во центарот на Битола, на само неколку чекори од Широк Сокак и хотелот Епинал во огромна дупка пропаднала кола. Павловска покажува кон дупката, каде влегла советничката Ристевска- Петрушева која јавно прашува: „Зарем вака се сака нашиот град, зарем вака се развива нашиот град?“

    „Оваа дупка е во близина на Народниот театар и во близина на едно од најстарите училишта во нашата држава. Зарем ова е безбедноста што ја заслужуваат битолчани? Зарем ова е културата што ја заслужуваат битолчани“, вели советничката Ристевска-Петрушева.

    Дупката се наоѓа на една од најфрекветните сообраќајни делници во градот и повеќе денови стоеше на коловозот означена само со пластична сигнализација.

    Јавните претпријатија рано утрово почнаа санирање на дупката откако советничката синоќа влезе во неа. Од Општина велат дека големите дождови изминатиот период предизвикале оштетувања на повеќе улици низ градот, а екипите биле постојано на терен на нивно санирање.

    „Општетувањето кое се појави кај комплексот Пелагонка 2 е констатирано изминатиот период по што од страна на ЈП ‘Нискоградба’ Битола е поставена соодветна ознака и со механизација за сечење е пристапено кон детектирање на проблемот на оваа локација од аспект на водоводни или канализациони општетувања, по што ќе следи соодветна интервенција во координација помеѓу двете јавни претпријатија“, стои во соопштението на Општина Битола.

    Општината деновиве најави големи инспекциски контроли од Општинскиот инспекторат, надзори во вечерните часови и викендите. Но, советниците од опозициските СДСМ, Поинаку, ЛДП, Левица тргнаа сами во инспекција низ градот, па постојано објавуваат видеа со дупки, ископани услици, пцовисани животни, како капе од  камионите досека собираат смет низ улици и други проблеми низ Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира