СЕ ПОМЕСТИЛЕ СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ НА МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, НАМЕСТО 5.17 ЧАСОТ ПОКАЖУВААТ 6.17

    СЕ ПОМЕСТИЛЕ СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ НА МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, НАМЕСТО 5.17 ЧАСОТ ПОКАЖУВААТ 6.17„Не знаеме кога се поместиле стрелките. Најверојатно тоа е од последниот земјотрес што се случи пред две години, но никој досега не приметил. Попладневно екипи ќе излезат на терен и ќе ги поправат односно ќе го вратат времето 5.17 часот, кога тие престанале да работат“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов (Фото: К.Попов)

    Поместени се стрелките на часовникот на Музејот на град Скопје, кои престаа да работат по катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963. Наместо 5.17 часот, стрелките на часовникот сега покажуваат 6.17 часот. Од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека забележале оти стрелките се поместени деновиве додека работеле на поставување на буквите од пораката за солидарност на Јосип Броз Тито, во рамките на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофата.

    „Не знаеме кога се поместиле стрелките. Најверојатно тоа е од последниот земјотрес што се случи пред две години, но никој досега не приметил. Попладневно екипи ќе излезат на терен и ќе ги поправат односно ќе го вратат времето 5.17 часот, кога тие престанале да работат“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

    Од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека забележале оти стрелките се поместени деновиве додека работеле на поставување на буквите од пораката за солидарност на Јосип Броз Тито, во рамките на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофата (Фото: К. Попов)

    На 26 јули во 5.17 часот Скопје било разурнато од земјотрес од 9 степени по Меркалиевата скала, односно магнитуда од 6,1 степени и длабочина од 5 до 7 километри. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути. Во земјотресот беше разурната тогашната железничка станица, а денеска Музеј на град Скопје, а стрелките застнаа и оттогаш го покажуваат времето кога ќе се случила катастрофата, 5 часот и 17 минути.

    Под урнатините загинаа 1.070 жители, а биле повредени над 4.000. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира