СЕ ПРОШИРУВА КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ПО ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС

    СЕ ПРОШИРУВА КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ПО ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУСГрадежни екипи деновиве почнаа со работите за адаптирање на просторот до сегашните ковид-амбуланти за да може и таму да се врши лекување на пациентите со полесна клиничка слика. (Фото: СДК.МК)

    Гевгелиската општа болница го проширува ковид-центарот со дополнителен простор за уште осум кревети за третман на ковид-пациентите, бидејќи последната недела во овој дел на државата значително се зголеми бројот на позитивни на коронавирус и потребата од амбулантско лекување на заболените. Градежни екипи деновиве почнаа со работите за адаптирање на просторот до сегашните ковид-амбуланти за да може и таму да се врши лекување на пациентите со полесна клиничка слика.

    Последната недела, на подрачјето на Центарот за јавно здравје од Гевгелија, кој ги покрива и општините Богданци и Дојран, регистрирани се нови 82 позитивни на ковид-19. Според епидемилогот Сашо Олумчев, големиот број се должи на недисциплината на граѓаните за придржување на мерките.

    „Голем е бројот на пациенти кои се јавуваат во Центарот и имаат сиптоми на бронхопневмонија која бара сериозно лекување. Поради тоа, одлучивме да го прошириме Центарот кој сега ќе има вкупно 18 кревети, кои се надеваме дека ќе бидат доволни за лекување на пациентите со сиптоми“, рече Олумчев.

    Во гевгелискиот микрорегион досега заболеле 298 лица, две починаа по компликации од вирусот, а оздравеа 137. Во моментов се водат 159 активни случаи од кои 16 се жители на Општина Дојран, а 44 на Општина Богданци.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира