Расипана е мерната станица за мерење амбиентален воздух во скопска Гази Баба, која е дел од мониторинг системот на Министерството за животна средина. Таа првично покажуваше концентрации од 1.000 микрограми на метар кубен од суспендирани честички прашина ПМ10.
Сега на веб страницата на Министерството за животна средина во табелата за часовните мерења, последниот податок е од 28 мај во 10 часот претпладне, кога се измерени 25 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.
Од Министерство за животна средина потврдуваат дека денес се појавил дефект на мерната станица во Гази Баба и велат дека од понеделник тој ќе биде отстранет.
Според постоечката законска регулатива, максимално дозволени концентрации на ПМ10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен. Поради дефектот на станицата во Гази Баба, на официјалната страница на Министерството за животна средина нема последни податоци ниту за мерењата од останатите мерни станици во Скопје.
Е. БОЧВАРОСКА