СЕ РЕНОВИРААТ 19 МОСТОВИ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

    СЕ РЕНОВИРААТ 19 МОСТОВИ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕРеконструкцијата ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поставување на поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, премачкување на металните површини со боја што овозможува заштита од корозија. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со реконструкција на мостовите во вториот дел од Градскиот парк. Ќе се обноват 19 мостови, а реконструкцијата ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поставување на поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, премачкување на металните површини со боја што овозможува заштита од корозија. Ќе бидат поставени и рампи за велосипедисти и лица со посебни потреби Активностите за обнова на мостовите се очекува да завршат за два месеца.

    „Ваква реконструкција на сите мостови одеднаш не е направена никогаш досега. Нашата цел е на граѓаните да им овозможиме да уживаат во Градскиот парк, а кога ќе преминуваат преку овие мостови да се чувствуваат безбедно. Да го дочекаме продолжувањето на животот со што подобра инфраструктура и во Градскиот парк и на нашите улици“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи.

    Активностите за обнова на мостовите се очекува да завршат за два месеца, а овој проект се реализира со донација на „Халк банка“.

    Со овој проект не  е предвидено реновирање и на пешачките патеки во вториот дел од Градскит парк, кои се целосно уништени и со дупки на секој метар.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира