СЕ САНИРААТ ШАХТИТЕ НА КОЛЕКТОРОТ, НЕМА ДА ИМА ВЕЌЕ ИЗЛЕВАЊЕ ФЕКАЛИИ НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ

    СЕ САНИРААТ ШАХТИТЕ НА КОЛЕКТОРОТ, НЕМА ДА ИМА ВЕЌЕ ИЗЛЕВАЊЕ ФЕКАЛИИ НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИДеновиве екипи на „Еко-Тим“ работат на херметичкото затворање на шахтите на охридските плажи. (Фото: СДК.МК)

    Екипите на „Еко-Тим“ кои го санираат колекторот за заштита на Охридското езеро од отпадни и загадени води деновиве со посебен метод ги обработуваат шахтите на охридските плажи од кои особено преку лето имаше излевање на фекалиите во езерските води. Најкритично и највидливо беше на делот од брегот кај населбата Лагадин.

    „Деновиве екипи на „Еко-Тим“ работат на херметичкото затворање на шахтите на охридските плажи. Тоа се однесува на делот од брегот кај Лагадин, детското одморалиште, хотелот ‘Парк’ и кај Подмолје. Интервенциите се вршат во вкупна должина од 3 километри. Претходно се поставува цевка во цевка на постојниот оштетен цевковод, а потоа со посебен метод се осигуруваат шахтите на најкритичните места на охридските плажи. Овие шахти долго време беа голем проблем на колекторскиот систем“, ни изјави директорот на ЈП „Колекторски систем“ Владимир Алексијоски.

    Од шахтите кај населбата Лагадин со години по ред на лето се излеваа фекалии што предизвикуваше револт кај жителите на населбата, но и кај бројните капачи.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира