СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ КОЈА ГРАД СКОПЈЕ ЈА УРИВА

    СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ КОЈА ГРАД СКОПЈЕ ЈА УРИВАПожарот бил изгаснат од скопската Пожарна за десетина минути.(Фото: МИА)

    Вечерва  пожар избувна во галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“. Како што вели за САКАМДАКАЖАМ.МК командантот на скопската Пожарна, Владимир Симоновски пожарот избил во една од просториите.

    „Пожарот е изгаснат за десетина минути, поради брзата интервенција не се прошири низ целиот брод“, вели Симоновски.

    Град Скопје летово почна да ја урива галијата во Вардар. Веќе се демолира внатрешноста на брадот и како што најавија од Градот есенва ќе биде отстранете целосно од коритото на Вардар.

    Сопственик на бродот е фирмата „ЕМУС сервис АД Скопје“. Фирмата го тужи Град Скопје за уривањето бидејќи како што велат Градот нема основ да ја урива. Од Град Скопје пак велат дека биле исполнети сите услови за раскинување на договорот, односно газдата не платил кирија три месеци, а укината е и времената мерка од судот која беше донесена по тужбата на сопственикот.

    Уривањето на галијата го врши градското претпријатие „Улици и патишта“ , а од Град Скопје велат дека трошоците за уривање ќе ги плати газдата на бродот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира