Утрово, под Железничката станица во Скопје се запали автобус на приватни превозници. Интервенираше Бригадата за противпожарна заштита со две возила и 7 пожарникари. Во пожарот нема повредени.
„Имавме повик за запален автобус во 7.20 часот. Брзата наша интервенција спречи да се прошири пожарот наоколу. Според првичните сознанија, причина за пожарот е инсталацијата на автобусот“, вели Владимир Симоновски командант на скопската Пожарна.
А. АНТЕВСКА