СЕ ЗАПАЛИ ПРИВАТЕН АВТОБУС ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ

    СЕ ЗАПАЛИ ПРИВАТЕН АВТОБУС ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕСпоред првичните сознанија, причина за пожарот е инсталацијата на автобусот, велат од скопската Пожарна. (Фото: Бригада за противпожарна заштита)

    Утрово, под Железничката станица во Скопје се запали автобус на приватни превозници. Интервенираше Бригадата за противпожарна заштита со две возила и 7 пожарникари. Во пожарот нема повредени.

    „Имавме повик за запален автобус во 7.20 часот. Брзата наша интервенција спречи да се прошири пожарот наоколу. Според првичните сознанија, причина за пожарот е инсталацијата на автобусот“, вели Владимир Симоновски командант на скопската Пожарна.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира