СЕ ЗАПАЛИЛ АВТОБУС СО 50 ШТИПСКИ УЧЕНИЦИ КОИ ТРГНАЛЕ ЗА СЕЛОТО ПИПЕРОВО НА ИЗЛЕТНИЧКИ ЧАС, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    СЕ ЗАПАЛИЛ АВТОБУС СО 50 ШТИПСКИ УЧЕНИЦИ КОИ ТРГНАЛЕ ЗА СЕЛОТО ПИПЕРОВО НА ИЗЛЕТНИЧКИ ЧАС, НЕМА ПОВРЕДЕНИФото: Нема повредени, а местото пристигнала и протипожарна екипа која го локализирала пожарот; - Изгорениот автобус по евакуацијата на учениците (Фото: СДК.МК)

    Автобус со 50 ученици од Штип се запалил пред селото Пиперово, каде децата требало да престојуваат на еднодневен пролетен час во природа. Официјално случајот го потврдува го потврди портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова, но без да соопшти посебни детали, освен тоа дека во несреќата нема повредени.

    Како што дознаваме, учениците биле основци од одделенска настава Основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, кои биле на ред да спроведат пролетна настава во природа во селото Пиперово во близина на планината Серта меѓу Општините Штип и Радовиш, како дел од соодветната наставна програма за оваа година.

    Неофицијално, на клучката каде што патот се дели за селото Пиперово и Неготино, од моторот на автобусот избувнал пламен што брзо се проширил, но благодарение на наставниците учениците брзо биле изнесени надвор и евакуирани на безбедно место во селото каде сепак часот се одржал. Увидни екипи утврдуваат од што се опожарил автобусот кој целосно изгорел, а општинските власти веќе дале насоки до превозниците да посветат посебно внимание какви автобуси пуштаат во сообраќај на вакви училишни програмски ексурзии.

    Во текот на изминативе неколку години на пролет селото Пиперово, кое изобилува со природни убавини и културно-историски споменици го посетија сите ученици од основните училишта во Штип, а овој случај е прв инцидент со автобусот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира