СЕ ЗАТВОРА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП, БОЛНИТЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ НА РЕНОВИРАНОТО ИНФЕКТИВНО ОДДЕЛЕНИЕ

    СЕ ЗАТВОРА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП, БОЛНИТЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ НА РЕНОВИРАНОТО ИНФЕКТИВНО ОДДЕЛЕНИЕЗа реновирањето на Инфективното одделение вложени се 160.000 евра. (Фото: СДК.МК)

    Клиничката болница во Штип завршува со првата фаза од реновирањето на старата зграда на Инфективното одделение која во изминатите неколку месеци не примаше пациенти. Тие се хоспитализираа во модуларната болница и речиси две години беше со исполнет капацитет од 47 пациенти не само од Штип туку и од соседните градови како регионален центар.

    „ Првата фаза од реновирањето на Инфективното одделение заврши со целосна замена со термички врати и прозорци и комплетно фасадно уредување што беше проект од европските фондови за погранична соработка. Вложени се 160.000 евра. Уште толку ќе чини и втората фаза за комплетно внатрешно уредување, но за тоа веќе аплициравме до истите фондови кои го разбираат нашето доцнење поради пандемијата со ковид -19“ вели директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгиев.

    Зградата на Инфективното одделение во Штип според Георгиев добива и посебна автоматска пумпна станица за кислородна поддрша и современ систем во целата зграда за посебна противпожарна заштита.

    „Модуларната болница и празна ќе се одржува, не дај боже во случај да се јави потреба за нејзинино повторно пополнување“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот Ален Георгиев.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира