СЕЧА НА ДРВЈА ВО АЕРОДРОМ, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ ЗОШТО СЕ СЕЧАТ

    СЕЧА НА ДРВЈА ВО АЕРОДРОМ, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ ЗОШТО СЕ СЕЧАТЖителите велат дека се сечат здрави дрвја, а не добиле никакво објаснување за сечата. (Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска сечеше дрвја на улицата Васко Карангелески во населбата Аеродром во Скопје. Граѓани на социјалните мрежи објавија слики од сечата, велејќи дека се сечат здрави дрвја, а не добиле никакво објаснување за сечата.

    САКАМДАКАЖАМ.МК побара одговор на прашањрто зошто се сечат дрвајата и од градоначалничката Данела Арсовска, нејзиниот пиар тим и од директорот на „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски.

    Од кабинетот на Арсовска велат дека градоначалничката денеска по пријава излегла на увид и побарала од екипите на „Паркови и зеленило“ информација за сечата по што активностите биле прекинати.

    „Наредната недела ќе имаме прес-конференција на оваа тема, односно за активностите на улицата Васко Карангелески и ќе ги објасниме сите постапки“, ни одговорија од кабинетот на Арсовска.

    Директорот Сотировски не одговори на нашите прашања.

    Арсовска за време на кампањата, но и на брифинг со новинарите пред три месеци, кажа дека во Скопје нема да се исече ниту едно здраво дрво.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира