СЕКОЈ ВТОР ВЕЛЕШАНЕЦ ШТО СЕ ТЕСТИРАЛ ЗА КОВИД-19 ИЗЛЕГОЛ ПОЗИТИВЕН

    СЕКОЈ ВТОР ВЕЛЕШАНЕЦ ШТО СЕ ТЕСТИРАЛ ЗА КОВИД-19 ИЗЛЕГОЛ ПОЗИТИВЕНВо Велес од коронавирусот заболеа  2.774 лица, а 94 починаа.(Фото: СДК.МК)

    Секој втор жител на Велес кој направил ковид тест излегол позитивен. Ова го покажува епидемиолошката анализа за 2020 на Центарот за јавно здравје Велес која беше презентирана пред советниците во Советот на Општина Велес.

    Епидемиологот прим. д-р Билјана Трајкова вели дека лани била епидемиска година со вонредни епидемиолошки услови.

    „Лани имавме зголемен обем на работа, со голем број на заболени. Состојбата беше епидемиска и критична, дијаметрално спротивна од таа во 2019. Од коронавирусот заболеа  2.774 лица, а 94 починаа, што е 3,4% од вкупниот број регистрирани случаи. Беа земени 5.433  брисеви за испитување на присуство на коронавирусот. Најголемиот број на заболените е од возрасна група на 40 години, додека кај смртните случаи  најголем број се над 60 години. Цревните заразни заболувања – ентероколитис, салмонела и капковите- варичела, скарлатина, лани учествуваа со мал процент. Коронавирусот ги покри сите други заразни заболувања“, кажа Трајкова.

    Лани биле регистрирани шест  случаи на шуга во велешко. После многу години, како ретко заразно заболување во Велес регистриран е еден случај на  заболен  со сифилис, лице кое патувало во далечни и егзотични земји. Имало и еден случај на вирулентен менингитис.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира