СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОРАКИ ШТО ГИ ДОБИВААТ МЛАДИ ДЕВОЈКИ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ТЕТОВСКИОТ ПЛОШТАД

    СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОРАКИ ШТО ГИ ДОБИВААТ МЛАДИ ДЕВОЈКИ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ТЕТОВСКИОТ ПЛОШТАДАпелираме ваквите пораки да се пријавуваат во полиција, велат од невладината „Бубамара“ од Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Младите девојки на возраст од 18 до 25 години во голема мера се изложени на сексуално вознемирување, велат податоците на невладината организација Центар за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, од истражувањето насловено „Онлајн вознемирување на социјалните мрежи“. Дел од овие вознемирувачки пораки беа денес изложени на тетовскиот плоштад, за да што повеќе да го актуелизираат вознемирувањето.

    „Сакаме пораките што девојките ги добиваат на социјалните мрежи да ги видат сите. Тие се пораки кои имаат вознемирување, малтретирање. Ние побаравме од девојчињата да ни ги пратат овие пораки за да може да ја направиме оваа изложба. Во овие пораки има говор на омраза, сексуално вознемирување, малтретирање на девојките и затоа сакавме тие да бидат изложени овде на плоштадот, за сите да видат што има во инбоксот на девојките. Апелираме ваквите пораки да се пријавуваат во полиција. Тоа е и нашата цел, да ги охрабриме девојките да престанат да го трпат ваквото вознемирување и тоа веднаш да го пријавуваат“, изјави Рита Бехадини, претседателка на „Бубамара“.

    Според истражувањето на оваа невладина организација, 65,8 отсто од девојките рекле дека добиваат вакви пораки. Поголем дел од нив ваквите пораки ги пријавиле во рамки на семејството, а помалку во институциите. За истражувањето биле анкетирани 208 девојки на возраст од 18 до 25 години кои одговориле на анкетата по електронски пат.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира