Семејството на еден од најистакнатите македонски режисери на документарни филмови, Мето Петровски (85), од вчера напладне трага по својот татко и сопруг болен од Алцхајмерова болест. На социјалните мрежи тие споделија дека од вчера во 12 часот Петровски се изгубил во трговскиот центар „Лептокарија“, во скопски Карпош.
Мето Петровски е 85-годишник со момчеста конституција. Во времето кога се изгубил носел фармерки и светла кошула со резеда боја, а со себе имал и количка за пазарање.
Неговата ќерка ни рече дека тој со сопругата вчера напладне биле до аптека во трговскиот центар „Лептокарија“, и дека во дел од секундата тој некаде исчезнал, зашто велат болеста е таква, со дементни епизоди.
„Тие бараат, и си наоѓаат нешто по улицете“, вели таа и додава дека болеста кај Мето прогресирала последниве 5 години.
Семејството Петровски живее во комплексот Гранд Престиж. Велат дека се благодарни до секого кој ќе има можност да помогне во наоѓањето на Мето. За секакви информации, семејството е достапно на мобилниот телефон 077/803 374, или во која било полициска станица.
Мето Петровски е снимател, филмски и телевизиски режисер, во кариерата од скоро пола век режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и бројни телевизиски емисии. Дебитира со докуменатарецот „Селидби“, а со „Вирово“ учествува на Филмскиот фестивал во Кан во 1968.