СЕМЕЈСТВОТО ГО НАЈДЕ ИЗГУБЕНИОТ РЕЖИСЕР МЕТО ПЕТРОВСКИ ВО ДОБРА СОСТОЈБА

    СЕМЕЈСТВОТО ГО НАЈДЕ ИЗГУБЕНИОТ РЕЖИСЕР МЕТО ПЕТРОВСКИ ВО ДОБРА СОСТОЈБА85-годишниот Мето Петровски е болен од Алцхајмерова болест, по 48-часовната потрага е најден во Радишани и е во добра здравствена состојба

    По 48-часовна потрага, семејството го најде режисерот Мето Петровски (85) кој, болен од Алцхајмерова болест, се беше изгубил во трговскиот центар „Лептокарија“ во скопски Карпош. Семејството на еден од најистакнатите македонски  режисери на документарни филмови вели дека го нашле во Радишани на последната станица на автобуската линија 57, откако им се јавил еден човек.

    „Во моментов сме на преглед во болницата ‘8 Септември’, но сепак Мето е во добра состојба“, велат од семејството и додаваат дека се благодарни за помошта во наоѓањето на Мето.

    Мето Петровски е снимател, филмски и телевизиски режисер, во кариерата од скоро пола век режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и бројни телевизиски емисии. Дебитира со докуменатарецот „Селидби“, а со „Вирово“ учествува на Филмскиот фестивал во Кан во 1968.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира