ШЕСТ МЕСЕЦИ СЕ РЕНОВИРААТ 500 МЕТРИ НА ПАРТИЗАНСКА, ШИЛЕГОВ ИМ НАРЕДИЛ ДА ИЗВЕДУВАЧИТЕ ДА ПОБРЗААТ

    ШЕСТ МЕСЕЦИ СЕ РЕНОВИРААТ 500 МЕТРИ НА ПАРТИЗАНСКА, ШИЛЕГОВ ИМ НАРЕДИЛ ДА ИЗВЕДУВАЧИТЕ ДА ПОБРЗААТОд летоска постојано е затворена една коловозна лента, се гребе стариот асфалт, па се става нов, па повторно се става втор слој, но градежните работи немаат абер да завршат.(Фото:СДК.МК)

    Булеварот Партизански одреди од крстосницата кај „Симпо“ до автобуската станица кај Педагошки факултет се реновира шест месеци.

    Град Скопје летоска почна со градежни работи за промена на асфалтот на овој дел од булеварот. Оттогаш е помината речиси половина година, а коловозот уште се реконструира. Постојано на оваа делница е затворена една коловозна лента, се гребе стариот асфалт, па се става нов, па повторно се става втор слој, но градежните работи немаат абер да завршат. Денеска беше затворена една коловозна лента од страната на Педагошкиот факултет и се поставуваше асфалт. Но, ниту на една од двете страни на булеварот на овој потег сè уште не е поставен финалниот слој.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека токму реконструкцијата на булеварот Паризански одреди е пример за непланското работење на минатото раководство на Град Скопје.

    „Тоа е проект е почнат од минатото раководство, а уште не е завршен. Јас деновиве имав средба со изведувачите и им наложив да се работи интензивно на тој потег за да се доведе сообраќајницата во состојба да може да биде целосно пуштена за сообраќај. Не наследивме проблеми само на Партизанска, и во Кисела Вода на последна станица на линијата 24, каде што се гради кружен тек пред некој ден од напланско работење беше поплавена цела улица“, вели Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира