ШИЛЕГОВ ЌЕ ЈА ПРОДАВА БАРОКНАТА ГРАДСКА КУЌА, ПОЧЕТНАТА ЦЕНА Е 12,7 МИЛИОНИ ЕВРА

    ШИЛЕГОВ ЌЕ ЈА ПРОДАВА БАРОКНАТА ГРАДСКА КУЌА, ПОЧЕТНАТА ЦЕНА Е 12,7 МИЛИОНИ ЕВРАГрадската куќа ќе се продава бидејќи немало доволно капацитет за сите вработени во Град Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје ќе ја продава барокната Градска куќа која почна да ја гради ексградоначалникот Коце Трајановски на кејот на реката Вардар. Објектот, во кој требаше да се сели градската администрација, ќе се продава на јавна аукција, а почетната цена е 12,7 милиони евра, цена за која е проценет објектот.

    За одлуката на градоначалникот Петре Шилегов денес ќе одлучуваат членовите на Советот на Град Скопје.

    „Причините за продажба на недвижен имот – Градска куќа е поради недоволниот капацитет на внатрешните простории во кои е потребно да се смести администрацијата на Град Скопје“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира