ШИЛЕГОВ МИ Е ФАВОРИТ ЗА КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ, НО ЌЕ ГИ ПРАШАМЕ И ГРАЃАНИТЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ШИЛЕГОВ МИ Е ФАВОРИТ ЗА КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ, НО ЌЕ ГИ ПРАШАМЕ И ГРАЃАНИТЕ, РЕЧЕ ЗАЕВЈас не гласам за градоначалникот на Скопје бидејќи гласам во Струмица, кога би бил тука би го гласал градоначалникот, рече Заев.(Фото: К. Попов)

    За премиерот Зоран Заев градоначалникот на Скопје Петре Шилегов е фаворит за партиски кандидат за претстојните локални избори во октомври. На денешната презентација на проектот за реконструкција на Универзална сала одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ја поддржи кандидатурата на Шилегов за втор мандат, Заев каже дека има само пофални збори за она што досега го сработил градоначалникот.

    „Сè уште го немам прашано дали ќе се кандидира, но за мене е еден од фаворитите заради сè што има сработено и проектите кои ги има направено во целиот овој период на пандемија, избори, референдум. Сето тоа е вредно за огромно внимание и за поддршка во периодот на одлучување. Јас кажувам само мои лични ставови, сепак постапките се отворени и демократски во СДСМ и се засноваат на поддршката на граѓаните. Јас не гласам за градоначалникот на Скопје бидејќи гласам во Струмица, кога би бил тука би го гласал градоначалникот“, рече Заев.

    Градоначалникот Петре Шилегов на 29 декември лани во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК најави дека сака да биде градоначалник на Скопје уште еден мандат и за тоа најпрво ќе бара поддршка од органите на неговата партија СДСМ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира