ШИЛЕГОВ НЕ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА ДА БИДЕ ВО ОДБОРОТ ЗА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“

    ШИЛЕГОВ НЕ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА ДА БИДЕ ВО ОДБОРОТ ЗА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја предложиле Валентина Божиновска за член на одборот за доделување на наградата „13 Ноември“, но овој предлог градоначалникот Петре Шилегов не го прифатил. (Фото: СДК.МК)

    Валентина Божиновска била еден од предлозите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за член на одборот за доделување на наградата „13 Ноември“. Овој предлог градоначалникот Петре Шилегов не го прифатил и побарал од советниците наместо Божиновска да предложат друг член.

    Божиновска после парламентарните избори на 11 декември 2016, како тогашна директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на протестите пред Државната изборна комисија (ДИК) кои тогаш ги организираше ВМРО-ДПМНЕ, во говор рече дека собирот пред ДИК е „вечер на ножевите“.

    „Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев. Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме ’елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион“, рече тогаш Божиновска.

    Според одлуката која денес беше усвоена од Советот на Град Скопје, претседател на одборот е Вангелина Мојаноска, а членови се академик Газанфер Бајрам, професорите Лорета Георгиевска-Јаковлева, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, пејачката Виолета Томовска, актерот Петре Арсовски, Љубиша Станковиќ, Даница Стојанова и Роландо Кутиров.

    Мандатот на досегашниот состав на Одборот истече во август 2018.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира