ШИЛЕГОВ НЕМА ДА ПОДАРУВА СУВЕНИРИ ОД СКОПЈЕ 2014

    ШИЛЕГОВ НЕМА ДА ПОДАРУВА СУВЕНИРИ ОД СКОПЈЕ 2014Изминатите години во тендерите за набавка на репрезентативен материјал на Градот се барале сувенири од споменикот Воин на коњ, фонтаната, двокатните автобуси, Музејот на ВМРО, театарот и Археолошкиот музеј.(Фото:Ѓ.Личовски)

    Град Скопје повеќе нема да подарува сувенири од проектот „Скопје 2014“.

    Изминатите години во тендерите за набавка на репрезентативен материјал на Градот се барале сувенири од споменикот Воин на коњ, фонтаната, двокатните автобуси, Музејот на ВМРО, Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј. Се купувале слики со ликот на Александар Македонски и Филип Втори, синџирче и алки со аплицирани мотиви од портата, како и медаљони на кои се прикажани објектите од проектот „Скопје 2014“.

    Во тендерот што го објави Град Скопје за набавка на репрезентативен материјал и пригодни подароци се предвидува да се купат сувенири и магнети со мотив Камени мост, Стара скопска чаршија и Кале. Во условите е наведено при изработката на подароците во позадината да нема објекти понови од 10 години, односно од проектот „Скопје 2014’.

    „Спомениците и објектите од проектот Скопје 2014 ќе ги замениме со вистинските вредности на Скопје. Објектите како што се Камениот мост, Старата скопска чаршија и Калето се симболите на градот кои треба да се најдат на промотивниот и репрезентативниот материјал кој се подарува на гости или делегации“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира