ШКОЛСКАТА САЛА ВО ВЕЛЕС КАДЕ БЕШЕ ВАКЦИНАЛНИОТ ПУНКТ ЗА КОВИД-19 НЕ ДОБИЛА НИ ДЕНАР ОД ОПШТИНАТА

    ШКОЛСКАТА САЛА ВО ВЕЛЕС КАДЕ БЕШЕ ВАКЦИНАЛНИОТ ПУНКТ ЗА КОВИД-19 НЕ ДОБИЛА НИ ДЕНАР ОД ОПШТИНАТАВакциналниот пункт беше отворен на 25 мај, а затворен на 31 август 2021 година. (Фото: СДК.МК)

    По година и пол откако спортската сала на средното училиште „Коле Неделковски“ беше користена како вакцинален пункт за ковид-19 во Велес, школото нема добиено никакви средства. Во летото 2021 беше најавено дека ќе биде одржувана и обновена со пари од локалната власт, бидејќи школото од сопствени средства ги подмирии трошоците за вакционалниот пункт. Овој проблем го актуализираше советничката Пандорка Прличкова на седница на Советот.

    „Во вашето училиште, во спортската сала, беше лоциран вакциналниот пункт за ковид -19. Имаше одлука на Совет, по затворањето на пунктот дека треба да се реновира и среди салата. Дали тоа се случи?“, праша Прличкова.

    Вакциналниот пункт беше отворен на 25 мај, а затворен на 31 август 2021. Директорката на „Коле Неделковски“ Весна Стојанова-Богоевска, објасни дека сè што сѐ работело таму било со нивни средства и човечки, материјални и финансиски.

    „Во мај за две недели ја приспособивме салата за вакционален пункт. Од отворањето до неговото затворање, општината не даде ниту еден денар. Ниту ја плаќаше струјата, која изнесуваше 10-15 милиони денари месечна сметка, не ги плаќаше ни Општината, ниту Министерството за здравство. Сами белевме, чистевме, одржувавме простории за тоалет. Техничкиот персонал од училиштето беше задолжен за одржување на хигиената, ниту средства за хигиена некој ни набави. Чистењето по затворањето на пунктот сами работевме“, кажа Стојанова-Богоевска.

    Во салата имаше бројни реклами на фирми од Велес, кои тогашниот градоначалник ги пофали оти финансиски помогнале во нејзиното отворање и работа.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира