ШТИПЈАНЕЦ СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОВИД-19 ПРЕД ОПЕРАЦИЈА НА КОЛК, ТРОЈЦА БОЛНИЧАРИ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ШТИПЈАНЕЦ СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОВИД-19 ПРЕД ОПЕРАЦИЈА НА КОЛК, ТРОЈЦА БОЛНИЧАРИ ВО ИЗОЛАЦИЈАДиректорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев соопшти дека е добро што повеќе медицински лица се негативни, излегле од самоизолација и вратени на работа. (Фото: СДК.МК)

    Штипјанец кој имал повреда на колк, пред да биде опериран се заразил со КОВИД-19. Операцијата требало да се изврши на Ортопедското одделение во Штип, но еден неопходен апарат откажал, па пациентот бил упатен во болницата „8 Септември“ во Скопје. Таму, пред да биде опериран кај пациентот бил утврден позитивен тест на коронавирус.

    „Донесовме одлука три лица од болничкиот персонал на Ортопедија кои го транспортирале пациентот од Штип до Скопје да бидат изолирани. Самоизолацијата заврши и за седум вработени на Инфективното одделение, кои се вратени на работа откако се утврди дека тестовите се негативни. Негативни беа тестовите и на докторите од Кожното одделение, кои беа први упатени на самоизолација по семинарот што се одржал во Скопје од страна на заразената докторка од Скопје“, вели директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев.

    Според Георгиев, медицинските лица се добро обезбедени со заштитни средства. Секојдневно Клиничката болница добива и донации. Последната била од Здружението на возачите од Штип во висина на 300.000 денари, а претходно имало уште неколку вакви донации од други фирми во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира