ШТИПСКАТА БОЛНИЦА БАРА ДОЗВОЛА ДА ВРАБОТИ 55 ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

    ШТИПСКАТА БОЛНИЦА БАРА ДОЗВОЛА ДА ВРАБОТИ 55 ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИСо помош на македонски иселеници од Германија болницата доби донација од 36 кревети со душеци и наткасни. (Фото: СДК.МК)

    Штипската Клиничка болница поднесе барање до Министерството за финансии за согласност да се вработат 55 лица чии договори на дело завршиле на крајот од минатата година. Овие проверени кадри кои веќе ја поминале неопходната обука треба да ја пополнат дупката која се јави со одливот на над 70 доктори, гинеколози, анестезиолози и медицински сестри кои изминативе 2 и пол години ја смениле работната средина или заминале во пензија, вели директорот Ален Георгијев.

    Со помош на македонски иселеници кои живеат и работат во Германија, болницата вчера доби донација од 36 комплетирани кревети со душеци и наткасни.

    „Креветите веќе се распределени во неколку одделенија, најмногу во Инфективното, Одделот за кардиологија и на Одделението за интезивна нега. Клиничаката болница со свои средства ќе набави нови 200 душеци како замена на старите“, вели Георгијев, кој најави скорешна донација со нови кревети за Детското одделение кои се посебни и поспецифични.

    Георгијев рече дека болницата успеала со свои средства и со помош на Фондот за здравство во вкупен износ од 20 милиони денари да изврши сервисирање и замена на дефектни делови на апаратите за ангиогографија, компјутерска томографија и магнетната резонанса, кои неколку месеци не работеа.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира