ШТИПСКИОТ ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР РАБОТИ СО РЕДУКЦИИ ОТИ ИМА ВРАБОТЕНИ СО КОРОНАВИРУС ИЛИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

    ШТИПСКИОТ ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР РАБОТИ СО РЕДУКЦИИ ОТИ ИМА ВРАБОТЕНИ СО КОРОНАВИРУС ИЛИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈАСите барања до Централниот регистер се поднесуваат преку импровизираниот шалтер во општинската зграда во Штип. (Фото: СДК.МК)

    Централниот регистар во Штип поради превентивни мерки за заштита од коронавирусот ги забрани влезовите за невработените, односно за странки, кои единствено своите барања можат да ги поднесуваат преку едношалтерскиот оддел на Општина Штип каде се се сместени просториите на Централниот регионален регистар.

    Внатрешниот дел на шалтерот и горниот кат каде се наоѓа одделот на Централниот регистар и канцеларијата на регионалниот Депозитар, деновиве се под постојана дезинфекција откако некои вработени имале симптоми на коронавирус, а некои биле пратени во самоизолација од заразени членови во семејствотото, па како мерка е одлучено вратите за странки да се забранат, а канцелариите почесто да се дезинфенцираат.

    Поради ваквите превентивни мерки Централниот регистар во Штип се одлучил и на редуцирање на работата и на вработените, со огласни соопштенија дека лица кои не се вработени не можат да влегуваат и дека сите нивни барања можат да се поднесуваат преку импровизираниоот шалтер во општинската зграда во Штип.

    Од Централниот регистар во Штип никој не сакаше да ги коментира ваквите превентивни мерки, ниту да соопшти дали и колку лица од вработените се заразени или се во самоизолација, но наведуваат дека повеќемина од 20-те вработени како превентивна мерка на новонастанатата ситуација си зеле и годишен одмор.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари