По последната санација на Споменикот на револуцијата на Исарот во 2023, веќе трета година Штип ги одбележува Денот на ослободувањето на градот 8 Неомври и другите празници со положување цвеќе на неоштетени споменици.
Во април и мај 2023, Заводот и Музеј во Штип и Музејот на Македонија спроведоа комплетна акција на чистење на спомениците, целите ишчкртани со непристојни графити, а се санираа и неколкуте оштетувања на големите мермерни плочи. Таа година пред празникот Илинден, Исарот осамна со оштетени и осквернавени споменици, па оддавањето почит се одржа на други спомен-обележја во градот.
Оттогаш, и Општината и комуналните претпријатија вршат чести обиколки и контроли на состојбата на монументалниот споменик на Исарот и го чистат целиот комплекс. Со зголемена будност и безбедност, веќе трета година нема случај на оштетување на спомен-обележјата.
Автор на меморијаниот комплекс на загинатите борци во Втората светска војна е Богдан Богдановиќ, а е отворен во 1974 година.
Овој уникатен споменик зафака површина од 600 квадратни метри, двете нивоа се поврзани со церемонијални скали, а на долната и горната тераса се наоѓат 15 споменички плочи високи до два метра, целосно направени од бел прилепски мермер. Три од мермерните монолити се на првото ниво, а останатите 12 на второто, каде што на централната мермерна плоча се изрезбани стихови на Ацо Шопов. Од двете страни на церемонијалните скали се поставени 92 помали мермерни плочи (кенотафи), на кои се врежани имињата на загинатите борци.
Штипјани, посебно оние кои живеат во подножјето на тврдината Исар, бараат целиот овој простор да биде навечер осветлен, како што се осветлени крстот на самиот врв и црквата која се наоѓа под меморијалниот комплекс.
Т. ЈОВАНОВСКИ



