ШТИПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА МАЖИ ШТО ПРЕТЕПАА ДЕВОЈКА И СЕ СНИМАА

    ШТИПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА МАЖИ ШТО ПРЕТЕПАА ДЕВОЈКА И СЕ СНИМААОбвинителството вели дека обајцата ја претепале девојката во јануари, а тепањето го снимале и со мобилен телефон. (Фото: Принтскрин од видео)

    Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе Предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството. За ова дело главна казна е пропишана парична казна или казна затвор до пет години и е предвидена скратена постапка.

    Во СВР Штип вчера беа приведени тепачите С. А. (23) и П. Р. (26), откако на социјалните мрежи и медиумите беше објавено видео во кое двајца мажи брутално тепаат девојка и притоа се снимаат, а видеото од насилството потоа е пуштено и на социјалните мрежи.

    Обвинителството вели дека обајцата ја претепале девојката пред два месеца.

    „Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и поради постоење на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, обвинителството го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени“, соопшти Обвинителството.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира