ШТИПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА СУД ПОРАДИ БЕСПРАВНА ГРАДБА НА ПЕНЗИОНЕРСКИ ДОМ

    ШТИПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА СУД ПОРАДИ БЕСПРАВНА ГРАДБА НА ПЕНЗИОНЕРСКИ ДОМЗградата на полуизградениот дом на пензионерите во Штип чија изградба поради бесправност е стопирана пред три години. - Дивоградбата веќе има неколку ката (Фото: СДК.МК)

    Штипското обвинителство поднесе обвинение против Здружението на пензионерите на Штип и против градежна фирма од Василево, зашто почнале да градат пензионерски дом на диво, без потребната документација. Одлуката за стопирање на дивоградбата била донесена уште во 2016 година.

    Портпаролот на Основниот суд во Штип Саше Георгиев за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека судскиот процес е закажан за 18 февруари. Дивоградбата веќе има неколку ката. Објектот без дозвола требало да биде со капацитет за сместување на повеќе од 100 пензионери. Стасано е до покривната конструкција. До забраната за градба, потрошени се околу 400 илјади евра за објектот.

    Земјиштето е во сопственост на АРМ, која пред пет години му го отстапи на Здружението на штипските пензионери за изградба на толку потребниот пензионерски дом.

    Ние сме во контакт со новата Локалната самоуправа и со Сојузот на пензионерите на Македонија и разговараме како овој капитален објект за штипските пензионери конечно да се изгради. Ако судскиот прцес заврши позитивно за Здружението ќе ги бараме потребните документации, а со нашиот Сојуз начелно договоривме подршка за финансиски решенија, бидејќи на Домот му треба внатрешна инсталација и ентериерско уредување “ вели потпреседателот на Здружението Коста Штерјов.

    Основното јавно обвинителство во Штип очекува судскиот процес да заврши до крајот февруари.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира