ШТРКОВИ СВИЈА 20 ГНЕЗДА ВО СЕЛОТО БЕЛЧИШТА, ОПШТИНАТА ИМ ПОМАГА ДА ОПСТАНАТ

    ШТРКОВИ СВИЈА 20 ГНЕЗДА ВО СЕЛОТО БЕЛЧИШТА, ОПШТИНАТА ИМ ПОМАГА ДА ОПСТАНАТОпштината повика екипи на ЕВН да ги тргнат дел од каблите за да можат штрковите да си направат седело на една бандера. (Фото: СДК.МК)

    Во селото Белчишта, центар на Општината Дебрца, штркови свија 20 гнезда. Појавата на овие грациозни птици ги израдува жителите на селото кои несебично им помагаат да опстанат.

    „На територијата на селото има дваесет седела на штркови. Тие живеат во парови и се вистинска атракција за населбата, но и за луѓето кои овде доаѓаат од други места. Деновиве, имавме случај кога еден пар штркови не можеше да изгради седело на една бандера преку која одеа електрични кабли. Ги повикавме екипите на ЕВН и тие тргнаа некои од каблите за да можат птиците да си направат седело. Донесоа и посебно возило. Пред некој ден, забележав уште едно седело надвор од Белчишта, што значи дека нивниот број се зголемува на задоволство на жителите од Дебрца“, вели градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески.

    Во Дебрца,посебно во Белчишта, отсекогаш имало штркови, но годинава се чини дека се најбројни. Која е причината никој не може да каже. Сепак, има мислења дека појавата на коронавирусот и намалената фреквенција на луѓе и возила придонеле овие птици да ги има се повеќе.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира