ШВАЈЦАРСКИ ИСЕЛЕНИК ОД ТЕТОВО ДОНИРА 5 ИНКУБАТОРИ ЗА ТЕТОВСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

    ШВАЈЦАРСКИ ИСЕЛЕНИК ОД ТЕТОВО ДОНИРА 5 ИНКУБАТОРИ ЗА ТЕТОВСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦАИса Фазлија, иселеник од Тетово кој живее и работи во Швајцарија и градоначалникот Билал Касами денеска го потпишаа договорот за донацијата. (Фото: СДК.МК)

    Гинеколошкиот оддел на Клиничката болница во Тетово наскоро ќе добие вредна донација од 5 инкубатори. Оваа донација, чија вредност е над 163 илјади швајцарски франци, е од Иса Фазлија, иселеник од Тетово кој живее и работи во Швајцарија. Откако на последната седница на Советот на Општина Тетово советниците едногласно ја прифатија донацијата, денеска во кабинетот на градоначалникот Билал Касами беше потпишана документацијата за доделената донација.

    „Во просториите на Општина Тетово го пречекав сопственикот на компанијата ‘Мармофикс’ Иса Фазлија кој, заедно со своето семејство, на нашата општина ѝ донираше 5 инкубатори во вредност од 163.755 швајцарски франци и тие ќе бидат дадени на тетовската Клиничка болница. Оваа донација помина на седмата седница на Советот на Општина Тетово, а денес го потпишавме договорот за донација на болницата. Благодарност до семејството Фазлија за покажаната векодушност. Заедно ќе го развиваме нашето Тетово“, рече градоначалникот Касами.

    Иако тетовската Клиничка болница многу подобро е опремена од порано, персоналот вели дека секоја ваква донација е добредојдена и само ќе ги подобри условите за пружање на неопходната нега на новороденчињата од Општина Тетово.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира