СИ ИМАМЕ СВОИ ПРИНТЕРИ, А НОВИ ЌЕ ИЗНАЈМУВАМЕ СО НОВ ТЕНДЕР, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    СИ ИМАМЕ СВОИ ПРИНТЕРИ, А НОВИ ЌЕ ИЗНАЈМУВАМЕ СО НОВ ТЕНДЕР, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕГрадоначалничката Данела Арсовска по објавувањето на текстот ни испрати реакција во која вели дека Градот поседуваа печатарска опрема во своја сопственост која активно се користи од администрацијата, - Од денешното изнесување на принтерите. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје тврди дека има свои принтери, но не кажуваат колку, откако утрово САКАМДАКАЖАМ.МК објави тест и фотографии како 31 принтер се изнесува од бараките оти е раскинат договорот со фирмата од која се изнајмуваат.

    Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска по објавувањето на текстот ни испратија писмена реакција, во која велат дека поседуваат печатарска опрема во своја сопственост која активно се користи од администрацијата. 

    Од друга страна, постои договор за изнајмено печатење за поголеми количини на материјал за кој поради недомаќинското работење на претходното рaководство во јавната набавка склучена во 2019 година исплаќани се повисоки средства во вредност од 30% од проценета врeдност. Договорот е спогодбено раскинат од причина што финансиските средства се истрошени пред истекот на рокот на важноста на договорот. Новата јавна набавка за таков тип на печатење е во завршна фаза“, велат од Град Скопје.

    Договорот кој е склучен со приватна фирма се однесува на 31 милтифункционален печатар и сервис за централно менаџирање и мониторирање на опремата. Не станува збор за обични, мали принтери туку поголеми на кои може да се поврзат поголем број компјутери на администрацијата и да печатат многу повеќе документи и матријали, како на пример 250.000 решенија за данок на имот кои Градот ги доставува до граѓаните. Такви принтери во Градот нема доволно за нормална работа, па затоа со години се изнајмуваат.

    Утрово, дваесетина вработени од фирмата „Интек системи“ ги вадеа принтерите од бараките на Град Скопје и ги товараа во камион. Од фирмата ни изјавија дека си ги земаат принтерите оти по барање на Град Скопје договорот кој истекува во октомври е раскинат откако се изцрпени парите и не е прифатена можноста да се продолжи додека трае новиот тендер.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира